Утрински Весник
Свет

Реакција од Џонсон по смртната казна за британските затвореници: „Длабоко сме загрижени“

Британската влада е длабоко загрижена поради смртните казни на Ејден Ајслин и Шон Пинер, кои беа заробени додека се бореле на украинска страна, соопшти кабинетот на британскиот премиер, Борис Џонсон.

Во соопштение за медиумите, портпаролот на Џонсон истакна: „Ние сме длабоко загрижени по однос на ова прашање. Како што кажавме претходно, воените заробеници не треба да се користат за политички цели“.

„Според Женевската конвенција, борците имаат право на имунитет, што значи дека не треба да им се суди за учество во војната“, порача портпаролот на Џонсон.

„Ќе продолжиме да соработуваме со украинските власти и ќе се обидеме да обезбедиме ослободување на британските државјани кои служеле во украинските вооружени сили, а кои сега се воени заробеници“, заклучи тој.

Можете да прочитате

На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца

Израелски комитет го одобри контроверзниот проект за населба на Западниот Брег

Десетици европски земји се подготвени да испратат војници во Украина