Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Реакција од Фаланга Херонеа на прес-конференцијата на Град Скопје во врска со галијата

Реакција од Фаланга Херонеа на прес-конференцијата на Град Скопје во врска со галијата
Img 7972

Скопје, 9 март 2020

На денешната пресс конференција на Град Скопје беа искажани невистини и затоа во интерес на вистината сакаме да појасниме:

1. Во 2016 година заради изградба на Панорамското тркало, движењето на градежната механизација, бучава, прашина, ни беше оневозможено да ја вршиме нашата основна дејност. Веднаш побаравме да прекинеме со работа и да не плаќаме закупнина до завршување на изградбата кога би можеле нормално да продолжиме со работа.

2. Нашата компанија до овој момент нема добиено никакво решение дека треба да продолжиме со работа како што тврди градоначалникот дека се случило во 2018 година. Доколку сме добиле такво решение ние ќе сме го почитувале.

3. Оваа денешна пресс конференција ја сметаме за политички мотивирана постапка во функција на престојните избори. Ние ќе ги превземеме сите правни мерки за заштита на интересите на нашата компанија.

ДПТУ ФАЛАНГА ХЕРОНЕА ДООЕЛ

_________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени