Утрински Весник
Македонија

Реакција од СКСЗМ: Да се отворат границите за дијаспората

Реакција од СКСЗМ: Да се отворат границите за дијаспората

Скопје, 18 јуни 2020 

Одлуката на Владата на Република Северна Македонија која останува на сила и според која “Во Република Северна Македонија е дозволен влез на МКД државјани и странци со регулиран привремен или постојан престој во РСМ под услов истите да имаат валиден негативен PCR тест (изработен од нос и грло), не постар од 72 часа од денот на издавањето на тестот со што истите добиваат Наредба и пополнуваат изјава за домашна самоизолација во траење од 14 дена„ е непотребен товар и дополнителна пречка за слободното движење затоа апелираме истиот да се отстрани и да остане само обврската за поседување на валиден негативен PCR тест.

Имајќи во предвид дека дијаспората е од клучно значење за економијата на државата, особено во овој тежок економски временски период, условот за самоизолација претставува главна пречка за дијаспората да одлучи дали да ја посети земјата оваа година, и затоа ние како СКСЗМ бараме овој услов да се промени најкасно до 01.07.2020. Истовремено бараме брза одлука од Владата со која ќе се отстрани оваа обврска и за истата, ИТНО да се информира дијаспората преку Дипломатско Конзуларните Претставништва.

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кабинетот на Гаши демантира вмешаност на личното обезбедување

СДСМ: Министерката Кочовска ги омаловажи сите вработени во институциите

Реакција на ТАВ за инцидентот на скопскиот аеродром