Утрински Весник
Македонија

Реакција на техничката министерка Стаменковска Стојковски

Реакција на техничката министерка Стаменковска Стојковски

Скопје, 12 јуни 2020

Во обид да се прикаже ситуацијата како нормална кога имаме над 1.800 активни случаи на КОВИД-19, Владата во континуитет носи низа неодговорни и нелогични одлуки во кои македонската јавност може да ја препознае нивната алчност, непромисленост и саможивност. Раководните лица на институциите не само што не преземаат никакви мерки за заштита на здравјето на вработените, туку со нивните чекори дополнително ја влошуваат ситуацијата и од јавниот сектор создаваат жариште на зараза.

По пријава од вработени кои се сериозно загрижени за сопственото здравје и здравјето за нивните најблиски, добив известување дека вработена во Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија на 8 јуни се тестирала и е потврдено дека е позитивна на Ковид-19, со што во голем ризик биле ставени вработените кои патувале со неа, но и околу 20 нејзини колеги кои се во иста канцеларија со вработената.

Дали овој случај Драги Рашковски се обидува да го сокрие и со тоа да ги загрози здравјето и животите на над 300 вработени во Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија?

Дали воопшто постојат било какви протоколи и како оваа вработена со недели одела на работа без да извести за нејзината здравствена состојба?

Дали постојат и други вработени во Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија кои се позитивни на Ковид-19 и дали е некој од вработените во самоизолација токму поради посочениов случај?

Негрижата и непочитување на Законот за безбедност и здравје при работа и протоколите е најизразено во институциите, но никој не поведува постапка и не бара одговорност од функционерите кои се должни и одговорни за доследна примена на законите и грижата за здравјето на вработените во јавниот сектор!

Поради тие причини, наместо да трошат ресурси во нелогични пропаганди и убедување на македонските граѓани дека петмина во избирачки одбор е сосема нормално, но тројца во ресторан претставува ширење на зараза, барам ВЕДНАШ:

1. да ги обезбедат сите средства потребни за целосна и соодветна примена на законите и протоколите

2. Да се преземат мерки за рана детекција и следење на КОВИД-19 во институциите

3. Да ги ослободат сите вработени кои патуваат од подрачјата каде има КОВИД-19

4. Неселективност и утврдување на одговорност за сите функционери кои не ги почитувале протоколите и го загрозиле здравјето на вработените во јавниот сектор!

Кабинет на дополнителен заменик министер Невенка Стаменковска Стојковски

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче

Мицкоски: Наскоро ќе видите како се прислушувало последните години, ќе се згрозите