Утрински Весник
Македонија

Реакција на Милошоски: СДСМ измислува невистини дека сум фалсификувал исправи во Германија

Реакција на Милошоски: СДСМ измислува невистини дека сум фалсификувал исправи во Германија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, упати реакција на денешните информации изнесени од страна на СДСМ.

„Партијата на Заев со фабрикувањето на лажни вести за наводно мое поседување на бугарски пасоши, авиони, покренување на монтирани случаи против мене, се обидува да ме замолчи како опозиционен пратеник“, стои во писменото соопштение на Милошоски.

„Пред 5 години ми фалсификуваа поседување на бугарски пасош преку неговиот другар Чауш, а потоа измислија и дека сум сопственик на авион кој го немам. Истата партија која нечовечки се обиде да ја фалсификува вистината за убиството кај Смилковско Езеро, за смртта на Никола Младенов и малата Тамара, денес со слични дезинформации се обидува да измисли фалсификување на исправа во Германија, каде што сум стекнал две исправи, и тоа една факултетска диплома и еден сертификат за странски јазик“, реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, најверојатно, нервозата и потребата за дефокус на власта расте.

„И тоа токму кај власта која во Собранието е поддржана и од силувач на жени, од кого очекувам да си побараат оставка. Наместо лажни вести и обид да ја замолчат критиката од опозицијата, време е владата да си понесе одговорност за лажните ветувања кон граѓаните и за економијата која е жртва на хибридниот режим кој функционира во историски највисока корупција“, реагира Милошоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”