Утрински Весник
Македонија

Реакција на ДСЗИ за лицата кои во медиумите негираат дека одбиле да ги примат решенијата

ДСЗИ изврши 91 инспекциски надзор – 79 во ЈЗУ и 12 во ПЗУ

Скопје, 27 јуни 2020 

Во врска со реакциите во електронските медиуми од лица кои се на списокот објавен од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на ден 26 и 27.06.2020год. Ве информираме дека согласно член 84 од Законот за општа управна постапка (Сл. весник на РСМ бр. 124/15 и 65/18). ДСЗИ изврши јавна објава во печатен медиум „Слободен печат„ во два последователни дена (26 и 27.06.2020) на податоци на лицата за кои не може да се изврши уредна достава на издадените решенија со наложена мерка од страна на ДСЗИ. За сите лица објавени во списокот ДСЗИ има писмен доказ (повратница) од АД Пошта на РСМ за неуредна достава по неколку основи и тоа:

· непознат

· се иселил

· непотполна адреса

· непозната адреса

Заради точно информирање на јавноста, ДСЗИ Ве известува дека податоците за лицата кои се објавени во списокот ги добива од:

· ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ, преку доставен список по електронски пат

· Центрите за јавно здравје, преку епидемиолошките анкети кои ги вршат епидемиолозите од центрите и ги доставуваат до ДСЗИ

· врз основа на изјави кои лицата ги пополнуваат при влез во РСМ, а ДСЗИ ги добива преку МВР и

· за лицата кои изгледуваат од државен карантин, преку списоци кои ДСЗИ ги добива преку Министертво за здравство.

Во врска со погоре изнесеното, апелираме сите граѓани да доставуваат точни податоци ( име и презиме, адреса на живеење, тел. за контакт и по можност email адреса) до здравствените работници кои ја обезбедуваат базата на податоци за издавање на решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

ДСЗИ

_______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!

И покрај ветерот повеќе градови во Македонија дишат загаден воздух – Во Кичево девет пати над дозволеното