Утрински Весник
Политички Партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за справувањето на власта и СДСМ со епидемијата

ВМРО-ДПМНЕ: Сочувство за семејствата на нашите сограѓани кои ги загубија најблиски заради коронавирусот

 

20 јуни 2020 

СДСМ и Спасовски се лицемерни. Тие се тие кои ги доведоа граѓаните во ризик и создадоа кластер на заразени од корона вирус меѓу свои функционери. Патем истите тие заразени функционери без почитување на строгите правила и со предвреме почнување на изборната кампања делеа партиски материјал, предизборен поткуп, држеа состаноци и на тој начин ги загрозуваа животите и здравјето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и ги почитуваме протоколите.

Од друга страна СДСМ и власта на Заев се тие кои не направија ништо епидемијата со корона вирусот да се запре. Тие се власт и освен броење на црни биланси и статистика, ништо конкретно не презедоа во насока на заштита на здравјето и животот на граѓаните. Македонија е редок пример во регионот кај што секој ден имаме трицифрена бројка на новозаболени и за жал редовно починати лица. Македонија е рекордер во регионот по заболени и починати од корона вирус на милион жители, а патем и според Форбс и според други еминентни извори сме земја која најлошо се справува со здравствената криза.

Тоа покажува дека оваа неспособна и неодговорна власт на Заев и СДСМ виновникот за лошата епидемиолошка слика во Македонија треба да ја бара кај себе, а не кај други.

Овој вирус на неспособност наречен Заев и СДСМ ќе биде поразен на претстојните избори. Изборот ќе биде помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт