Утрински Весник
Магазин

Реакции по одлуката за „Оскари“ без Зум

Реакции по одлуката за „Оскари“ без Зум

Одлуката да нема видео повици преку Зум-апликација на овогодинешната церемонија на доделување „Оскари“ предизвикува главоболка кај повеќе номинирани лица кои живеат надвор од САД и кои сè уште се наоѓаат под ограничувања за птување среде пандемија, тврдат холивудските медиуми.

„Варајети“ и „Дедлајн Холивуд“ во средата објавија дека публицисти и некои директори на студија се пожалиле на Филмската академија во врска со логистиката, трошоците и карантинот предизвикани од одлуката на номинираните да им се забрани далечинско учество на церемонијата (со користење на апликацијата „Зум“).

Академијата за филмска уметност и наука, која е организатор на церемонијата, не одговори на барањето за коментар на извештаите.

Поради пандемијата на коронавирус, шоуто за доделување на највисоки почести во филмската индустрија ќе се одржи на две локации – Јунион стејшн во центарот на Лос Анџелес и Долби театарот во Холивуд, традиционалниот дом на „Оскарите“ – на 25 април.

Продуцентите минатата недела соопштија дека нема да има опција за видео јавување и ги охрабрија номинираните да присуствуваат лично.

Најмалку девет номинирани, вклучително и режисерот „Надежна млада жена“ Емералд Фенел и sвездата Кери Мулиган, живеат во Британија. Се очекува Англија следната недела да забрани неважни меѓународни патувања до средината на мај.

Претставници на пет меѓународни долгометражни филмови – поднесени од Данска, Хонг Конг, Романија, Тунис и Босна – исто така може да се соочат со пречки да стигнат до Лос Анџелес, пишуваат „Варајети“ и „Дедлајн“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста