Утрински Весник
Спорт

Рајо Ваљекано пријави 17 заразени со коронавирусот

Рајо Ваљекано пријави 17 заразени со коронавирусот

Коронавирусот, по Премиер лигата, започна да прави проблеми и во Ла Лига. Вчера Барселона објави дека двајца играчи биле позитивни, а денес излезе информацијата дека Леванте има петмина заразени. Сепак ова е ништо со она што му се случува на Рајо Ваљекано.

Клубот, чии член е голманот Столе Димитиревски, пријавил 17 заразени со коронавирусот.

На претпладневниот тренинг се појавиле само осум фудбалери, меѓу нив не бил Димитриевски. Клубот засега не објавува кои играчи и членови на струниот штаб се заразени.

Рајо Ваљекано, поради оваа ситуација, ќе побара од Ла Лига да биде одложен нивниот натпревар на 2.јанураи, против Атлетико.

> Рајо Ваљекано пријави 17 заразени со коронавирусот <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен