Утрински Весник
Сцена

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Халифакс, 30 јуни 2020 (/) – Брачниот пар, холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли даруваа 200.000 долари во полза на иницијатива за лидерство за жените староседелки во Канада. Проектот е на Универзитетот „Сент Френсис Зејвиер“ на Нова Шкотска, поточно на Институтот Коуди, и првичната цел е да се соберат милион долари.

Инаку, Рајан Рејнолдс е Канаѓанец по националност, роден во градот Ванкувер.

„Со задоволство што ја поддржуваме неверојатната програма на Институтот Коуди и нивната работа за поддршка на староседелките. Ние сме вџашени (во позитивна смисла) од разговорите што ги имавме и – со нетрпение очекуваме да се придружиме на ова патешествие“, изјавија Рејнолдс и Лајвли во своето соопштение.

Јуни е прогласен за Национален месец на историјата на домородците во Канада, а активностите околу тоа чествување привршуваат денеска.  си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка

Стомачна танчерка доби три години затвор поради „сексуално сугестивна“ објава на интернет