Утрински Весник
Магазин

Рајан Гигс поранешната девојка ја третирал како робинка

Dik 300x250 mk

Девојка на Рајан Гигс, поранешен фудбалер на „Манчестер Јунајтед“, изјави пред судот дека била „роб на секоја негова потреба и барање“.

dobivaj vesti na viber

Кејт Гревил во средата пред поротата во судот во Манчестер рече дека кога Гигс ќе ѝ кажел да направи нешто, таа морала да го стори тоа.

Сведочејќи на третиот ден од судењето за напад, Кејт откри дека тој го контролирал нејзиниот социјален живот и дека крајот на нивната шестгодишна врска „бил прилично немилосрдно ужасен“.

Таа тврди дека Гигс бил постојано агресивен и вршел контрола врз нејзиниот социјален живот.

„Правеше да се чувствувам како да морам да го сторам она што тој ќе рече, инаку имаше последици,“ им кажа на поротниците.

Гигс (48) негира дека ја контролирал или присилувал Гревил (36) да прави било што против нејзина волја во периодот од август 2017 до ноември 2020 година.

Тој исто така негира напад врз неа, кој, наводно,  ѝ предизвикал телесна повреда, како и напад врз нејзината помлада сестра, Ема.

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство