Англиските фудбалски репрезентативци – Букајо Сака, Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд на Твитер и Инстаграм добиле повеќе од 12.500 расистички навреди по промашените пенали во финалето на ЕУРО2020 против Италија.
Тројцата црномурести фудбалери веднаш по натпреварот беа мета на расисти од целиот свет, а англиската полиција почнала со апсења за оние за кои на Островот се сомнева дека биле дел од навредувачите.
Трговецот со недвижнини Ендрју Боне по апсењето бил суспендиран од работното место, а пред него бил уапсен фудбалскиот тренер Ник Скот кој работи со деца. Тој расистички го навредувал Рашфорд, а на испрашувањето се правдал дека компјутерот му бил хакиран.
Полицијата дошла и до 49-годишен Англичанец од кент кој на друштвените мрежи објавил . на кое обоен со англиските бои ги навредува сите играчи поради што подоцна добил голем број негативни коментари.
„Дејли мејл“ објави дека раководството на Премиерлигата составено од претседателот и претставници на сите 20 клубови усвоило предлог на оние кои расистички ги навредувале фудбалерите да им биде забранет влез на сите англиски стадиони.
Иницијативата ја поддржал и британскиот премиер Борис Џонсон кој со министрите се договориле расистите најстрого да бидат казнети.
> Рашфорд, Санчо и Сака добиле над 12.500 расистички навреди – почнаа апсења <