Утрински Весник
Спорт

Рашфорд посочи кој соиграч имал клучна улога во неговиот развој

Манчестер јунајтед ќе потпише нов договор со 21-годишниот напаѓач Маркус Рашфорд.
Dik 300x250 mk

Манчестер, 21 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд има само 22 години, но веќе се здоби со солидно искуство во сенироскиот фудбал. Тој го имаше своето деби во првиот состав уште во 2015 година.

Англискиот репрезентативец го посочи и соиграчот кој имал најголема улога во неговиот развој досега – Златан Ибрахимовиќ.

– Неговиот менталитет… Ова е нешто што досега не сум го сретнал. Ибра не го интересираше за тоа што некој би рекол за него или што му зборува. Од гледна точка на карактер, тој беше најважниот во мојот развој, објасни Рашфорд.

Сепак, Швеѓанецот немаше шанси да игра долго на „Олд Трафорд“ бидејќи се здоби со тешка повреда. Тој во моментов е во Милан.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс