Утрински Весник
Македонија

Рашковски побарал да се врати на професорското место на Правен

Судот одреди домашен притвор за Драги Рашковски
Ss2

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во вторникот од Деканатот на Правниот факултет на УКИМ побарал да биде вратен на професорското место откако ја депонирал оставката од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти, објави Телма.

На Рашковски како на вонреден професор работното место му било ставено во мирување, но за Деканатот било спорно тоа што во меѓувреме, како што сметаат од таму, не обавувал функција. Од таму, толкувајќи го Законот за избрани и именувани лица, бил функционер само додека бил владин генерален секретар, а потоа бил именуван единствено од премиерот Зоран Заев во неговиот кабинет.

Img 5587

Спорно било дали неговото работно место било функционер или административен службеник во Владата, бидејќи станува збор за позиција „секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти“.

Рашковски во моментов е во куќен притвор, а Обвинителството го сомничи за меѓусебно поврзани јавни набавки кои го оштетиле државниот биџет за 177.000 евра.

Ss1

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Овации за Албанскиот театар и „Диво месо” во Тирана

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет