Утрински Весник
Магазин

Рафаел Надал и сопругата очекуваат прво дете

Тениската легенда Рафаел Надал и неговата сопруга Марија Франциска Перељо го очекуваат своето прво дете.

Веста ја откри Hello!, каде има и нејзини фотографии од одмор кои откриваат труднички стомак. Првите шпекулации дека парот очекува бебе се појавија откако Надал објави фотографија од јахта на која сопругата е во широка облека.

Надал, кој неодамна ја освои 22. Грен слем титула во Париз, има 36 години, додека неговата сопруга е три години помлада. Двојката се венча на 19 октомври 2019 година.

 

Можете да прочитате

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца

Зошто жените живеат пет години подолго