Утрински Весник
Македонија

Расчистен градежниот шут кој несовесни граѓани го одложиле кај археолошкиот локалитет “Горна Порта”

Расчистен градежниот шут кој несовесни граѓани го одложиле кај археолошкиот локалитет “Горна Порта”

Денеска екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ по налог на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведоа активности за расчистување на градежниот шут кој несовесни граѓани го одложиле во непосредна близина на „Горна Порта“.

„Упатувам јавна осуда за сторителите, а воедно и апел до граѓаните да покажат повисоко ниво на еколошка свест за сочувување на животната средина и јавните добра, особено на ваквите локации кои имаат големо значење за нашата историја и култура“, информира градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

На археолошкиот локалитет „Горна Порта“ пронајдени се дел од највредните археолошки артефакти во нашата држава, златната маска, златна ракавица и сребрени предмети кои имаат непроцелива културна вредност.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката

Мицкоски: Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите