Утрински Весник
Економија

Раст на депозитите и кредитите во првиот квартал годинава

НБРМ: Во првиот квартал нето надворешниот долг изнесува 23,8 проценти од БДП

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Растот на депозитите и на кредитите на крајот на првиот квартал годинава останува солиден. Податоците на Народната банка покажуваат годишна стапка на раст на депозтитите од 8,3 отсто, а на кредити е 5,8 отсто. 

Според објавените податоци, кај депозитите е забележано раст и кај корпоративнот сектор и на секторот домаќинства, а кај кредитите поизразено е зголемувањето кај секторот домаќинства.

Од Народната банка наведуваат дека со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити е забележан раст од 7,1 отсто на годишно ниво.

Кај корпоративниот сектор по падот во февруари, депозитите на месечно ниво се зголемени за 2,4 отсто, додека годишниот раст изнесува 12,5 отсто, кај кредитните текови на месечна основа нема промени, додека на годишна основа бележат раст од 1,8 отсто.

– Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор изнесува 3,8 отсто, наведуваат од Народната банка.

Во секторот домаќинства депозитите бележат месечен раст од 0,1 отсто, а на годишна основа се зголемени за 8,6 отсто, кај кредитите има зголемување за 0,1 отсто на месечна основа, додека на годишна основа кредитниот раст изнесува 10,1 отсто.

Од Народната банка во објавените податоци стои дека со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата изнесува 10,9  отсто. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Народната банка е домаќин на јубилејната Десетта меѓународна конференција

Инспекторите на терен за профитните маржи, денеска на ред малите маркети и бурекџилниците, од утре и трговците на големо

Средба со претставници на Светскиот совет на кредитните унии: Народната банка и натаму ќе биде насочена кон јакнење на отпорноста на финансиските институции