Утрински Весник
Македонија

Растојание помеѓу лежалките и при престој во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Растојание помеѓу лежалките и при престој во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата.

Согласно Протоколот, покрај задолжителното почитување на основните превентивни мерки за носење лична заштитна опрема на лицето, за физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, често миење на рацете со вода и сапун, и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите, задолжително е точното и видливо информирање на посетителите со информативно – едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување, како и со гласовно информирање за придржување кон препораките.

Препораките опфаќаат правила за однесување на плажите кои се однесуваат на сите вработени лица и посетителите за лична заштитна опрема на лицето која што ги покрива пределот на носот и устата, достапни и видливи места за средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, вклучително и при престој во вода, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² нето површина.

На плажите е задолжително меѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, растојание од 1,5 – 2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.

Се забрануваат групните спортови (како одбојка на плажа), и задолжително е одредувањето лица кои ќе го контролираат бројот на посетители  и спроведувањето на мерките.

Протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19 уште ги уредува и санитарно – хигиенски мерки, препораките за вработените, а за користење на угостителски услуги се препорачува почитување на Протоколот за угостителска дејност во услови на пандемија со КОВИД-19.

На плажите не се препорачува користење на гардероби на плажа.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски