Утрински Весник
Свет

Расте прифатеноста на вакцините во развиените земји

Расте прифатеноста на вакцините во развиените земји

Подготвеноста за вакцинирање против коронавирус расте во споредба со минатата година, покажува студија спроведена во шест развиени земји.

Повеќе луѓе во Велика Британија, САД и дури во скептична Франција сега сметаат дека е добра идеја да се вакцинираат, покажува најновото истражување спроведено во февруари.

Анализата е правена во Германија, Јапонија и Шведска и трендот е идентичен кај сите нив.

„Со почетокот на кампањите за вакцинација, се повеќе луѓе велат дека се подготвени да се вакцинираат“, се вели во студијата.

Најголемо прифаќање на вакцините има во Велика Британија со 89 проценти.

Шведска забележа најголем пораст, од 53 проценти во декември на 76 проценти денес.

Во Германија, процентот на одобрување на вакцините против коронавирус скокна од 63 на 73 проценти, во Јапонија од 50 на 64 проценти и во САД од 58 на 64 проценти.

Од земјите опфатени со студијата, кај Французите има најмалку ентузијазам кога станува збор за вакцинацијата.

Сега 59 проценти од граѓаните би прифатиле да се вакцинираат, но тоа е исто така голем скок во споредба со 40 проценти во декември. Сепак, многу испитаници не се задоволни од стапката на вакцинација во нивните земји.

Испитаниците од овие шест земји веруваат дека Британците и Израелците ја прават најдобрата работа во светот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина

Зеленски по телефонски разговор со Венс: Украина ќе работи на ниво на советници за развој на мировен план