Утрински Весник
Спорт

Расте бројот на зарезени во Специја

Расте бројот на зарезени во Специја

Бројот на заразени со коронавирусот во фудбалскиот клуб Специја продолжува да расте. Екипата е во карантин, а докторот за заразата обвини двајца играчи кои одбиле да се вакцинираат.

Вкупно во клубот се заразени 15 лица, 12 фудбалери и тројца од членовите на стручниот штаб.

Двјаца од фудбалерите кои одбиле да се вакцинираат се виновни за заразата, обвинил клупскиот лекар.

Сите останати во клубот ги примиле двете дози на вакцината, но за да се створат анти-тела во организамот се потребни околу две недели.

Специја соопшти дека оние кои не се заразени, тренираат индивидуално и ги почитуваат сите протоколи.

Првиот случај на зараза во Специја е регистриран на 18.јули.

> Расте бројот на зарезени во Специја <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал