Утрински Весник
Свет

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус
Ss2

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус, според локалните медиуми, откриено е дека уште една туристка од Србија е заразена со Ковид-19.

Според неколку грчки весници и веб-страници, на 1 јули, тамошните власти спровеле 1.400 тестови врз патниците кои пристигнале на еден од грчките аеродроми со авион, а пет лица биле позитивни: три жени од Србија, Шведска и Романија и двајца Грци кои патувале во татковината.

Ss1

Најголем проблем предизвикала Швеѓанка којашто не се придржувала до 24-часовна самоизолација, па била пронајдена како шета низ Атина. Од друга страна, грчките медиуми јавуваат дека српската државјанка којашто е заразена со авион допатувала на Скијатос.

Со зголемувањето на бројот на туристи кои пристигнуваат во Грција, се зголемува и бројот на заразени лица. Од 28 новозаразени, скоро половина, 13 од нив биле туристи кои влегле во Грција, а два случаи се регистрирани на граничниот премин со Бугарија, каде влегуваат и српски туристи.

Според протоколот што се применува во Грција, сите што ќе бидат тестирани позитивно треба да останат во еден од хотелите во карантин најмалку 14 дена, освен ако нивната здравствена состојба не бара хоспитализација.

Текстот Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56