Утрински Весник
Свет

Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов

Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов

Во ракетниот напад врз воената база во близина на Лавов загинаа 20 луѓе, соопштија за „Гардијан“ од службите за итни случаи.

Лук Хардинг од „Гардијан“, лоциран во Јаворив, каде што се наоѓа базата, рече дека бројот на загинати го надминал оној претходно наведен од гувернерот Максим Козитски. Тој рече дека загинале девет лица, а 57 се ранети.

Ракетниот напад се случил во 17 часот и 45 минути. Две големи експлозии можеа да се забележат во база на околу 12 километри од полската граница.

„ Прозорите ми се тресеа. Целата куќа вибрираше. Беше темно. Небото беше осветлено од две експлозии“, изјави Степан Чума (27), вработен во Брзата помош кој отишол на интервенција.

Тој рече дека е потврдено дека загинале 20 лица. Деветнаесет амбулантни возила со сирени беа забележани како брзаат од правец на базата, рекол сведокот, пренесува „Ројтерс“.

Забележани се уште седум возила на брза помош како брзаат кон базата.

Можете да прочитате

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија

Санчез бара отворање на Хормуз: Светот не смее да ја плати цената на оваа војна