Утрински Весник
Свет

Расте бројот на жртви од поплавите и одроните во Бразил

Расте бројот на жртви од поплавите и одроните во Бразил

Бројот на жртвите во разорните одрони и поплавите што го зафатија планинскиот регион на државата Рио де Жанеиро во Бразил достигна 38.

Државната противпожарна служба доцна синоќа соопшти дека повеќе од 180 војници веќе оперираат во погодениот регион Петрополис, каде што стотици луѓе загинаа по катастрофалните поплави во 2011 година, пренесува АП.

Пожарникарите соопштија дека вчера за само три часа наврнале 25,8 сантиметри дожд во областа Петрополис – речиси исто колку во претходните 30 дена вкупно.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како автомобили и куќи исчезнуваат во лизгање на земјиштето и вода што се врти и порои кои минуваат низ градот Петрополис и соседните окрузи.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа во Русија, на Твитер напиша дека им наложил на своите министри веднаш да им дадат поддршка на луѓето во погодените области.

„Господ да ги утеши семејствата на жртвите“, рече Болсонаро.

Можете да прочитате

Багеи: Земјите во регионот повеќе не можат да се потпираат на САД за безбедност како порано

Колумбија прогласи состојба на „национална катастрофа“ по силниот земјотрес

Пезешкијан информира дека разговорот со Моџтаба траел седум часа