Утрински Весник
Спорт

Распродадени се билетите за Македонија-Германија

Распродадени се билетите за Македонија-Германија

Билетите за натпреварот Македонија – Германија од квалификациите за Светското првенство се распродадени. Натпреварот ќе се одигра на 11. октомври на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.

Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот партнер за продажба на билети,  „MKTickets“, пушти во продажба половина од капацитетот на Националната арена колку што дозволуваат здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и навивачи на македонската репрезентација да ги почитуваат препораките за заштита од вирусот и со фер и коректно навивање да бидат поддршка за Македонија да дојде до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за СП“, стои во соопштението на ФФМ.

> Распродадени се билетите за Македонија-Германија <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0