Германскиот стручњак Ралф Рангник (62) ќе врши две функции во калчолигашот Милан, тврдат доброупатени извори. Тој ќе ги комбинира местото главен тренер и технички директор.
Информациите се дека Рангник постигнал договор со „Росонерите“ и со функциите ќе започне од следната сезона. Во февруари беше постигнат прелиминарниот договор.
Моментно технички директор во клубот од „Сан Сиро“ е Паоло Малдини, а неговиот договор истекува во летото 2022 година.
Актуелен тренер на Милан во моментов е Стефано Пиоли кој на функцијата стапи во октомври лани. Милан на 8 кола пред крајот на првенството е седми на табелата со 46 бода.
Рангник двапати беше на чело на Лајпциг (2015-2016 и 2018-2019).
Од јули 2012. до јуни 2019. работеше како спортски директор на клубот.
Рангник има работено и како главен тренер во Шалке, Хофенхајм, Хановер и Штутгарт.