Утрински Весник
Спорт

Рангник не сака да е само спортски директор во Милан

Рангник не сака да е само спортски директор во Милан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германецот Ралф рангник долго време беше желба на Милан за тренерската позиција, се беше договорено, бараше засилувања и наеднаш шок.

По сјајната низа од 9 меча без пораз по продолжението на сезоната, Стефано Пиоли доби продолжување на договорот за уште две години.

Италијанска „Газета дело Спорт“ пишува дека Милан му понудил на Рангник сепак да дојде на „Сан Сиро“, но на позиција спортски директор.

„Не, благодарам“ бил одговорот на Германецот, пишува „Газета“.

Рангник требаше да има двојна улога кај „Росонерите“ и тренер и спортски директор. Така ќе го истиснеше од клубот легендарниот Паоло Малдини.

> Рангник не сака да е само спортски директор во Милан <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025