Утрински Весник
Спорт

Рангник: Зошто да се збогуваме со Роналдо? Тој ќе биде овде и следната сезона

Фудбалерите на Манчестер јунајтед во понеделникот вечерта го одиграа последниот натпревар на домашен терен сезоната 2021/2022. Со убедлив резултат го победија Брентфорд. Неколку играчи кои на лето ќе ги напуштат „црвените ѓаволи“, се збогуваа со навивачите.

На крајот од сезоната му завршува мандатот и на привремениот“ менаџер Ралф Рангник, кој ќе го наследи Ерик Тен Хаг.

Многумина шпекулираат што ќе биде со легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо.

„Зошто би се збогувале со Роналдо? Тој има важечки договор и колку што знам ќе биде со нас и следната сезона“, изјави Ралф Рангник по дуелот со Брентфорд.

Кристијано Роналдо (37) се врати во Јунајтед на почетокот на сезоната по 12-годишно отсуство од Манчестер. Неговиот договор со Јунајтед истекува во јуни 2023 година, а договорот предвидува можност за продолжување на соработката за уште една година.

До крајот на Премиер лигата на Јунајтед ќе гостуваат кај Брајтон и Кристал Палас.

> Рангник: Зошто да се збогуваме со Роналдо? Тој ќе биде овде и следната сезона <

Можете да прочитате

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале

Историска трка на 5.000 метри во брзо лизгање, новиот светски рекорд под шест минути

Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на Грен слем турнирите