Утрински Весник
Спорт

Рангник вечерва ќе го води Манчестер Јунајтед, а утре ќе го промовираат за селектор на Австрија

Менаџерот на Манчестер Јунајтед во заминување, Ралф Рангник, ќе стане нов селектор на фудбалската репрезентација на Австрија. Најинтересно е тоа што промоцијата е закажана за утре. Само неколку часа по вечерашното дерби против Челси, тој ќе замине на промоција за следното работно место.

Рангник зимава го наследи Оле Гунар Солскјер во Јунајтед, но само како привремено решение, бидејќи требаше да седне во директорската фотелја следната сезона и да го води главниот збор за трансферната политика на „црвените ѓаволи“.

Сепак, Рангник во Виена се сретнал со претседателот на Фудбалската федерација на Австрија и спортскиот директор и по еден час размислување била договорена соработка.
За работите да бидат поневеројатни, Рангник вечерва на „Олд Трафорд“ го очекува дерби против Челси, а промоција е закажана за следниот ден во 11 часот во Виена.

> Рангник вечерва ќе го води Манчестер Јунајтед, а утре ќе го промовираат за селектор на Австрија <

Можете да прочитате

Историска трка на 5.000 метри во брзо лизгање, новиот светски рекорд под шест минути

Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на Грен слем турнирите

Навивачи на Црвена ѕвезда и Хајдук се судрија во БиХ, близу 100 приведени и над 20 повредени