Утрински Весник
Спорт

Рамос е во ѕверска форма, тајната е во напорните тренинзи (видео)

Рамос е во ѕверска форма, тајната е во напорните тренинзи (видео)

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос во март годинава наполни 34 години, но неговото тело не покажува знаци на слабост. Тајната на неговата одлична форма сите овие години се крие во разните и напорни тренинзи.

Рамос голем дел од времето поминува во вежбалната. Благодарејќи на тоа, го предводи Кралскиот клуб кон нова титула во Ла лига.

Неговата екипа по 34 одиграни кола е лидер на табелата, а Рамос на 32 одиграни меча сезонава има 10 постигнати гола.

Сепак, поради суспензија вечерва нема да биде во составот на Реал на мечот против Алавес на „Бернабеу“, во рамки на 35-тото коло во првата шпанска лига.

View this post on Instagram

This is the reason why… WORK! #HalaMadrid ? @lukamodric10

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos) on



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила