Утрински Весник
Спорт

Рамос барал помош за да ја добие Златната топка

Шпански „Ел Конфиденсијал“ уште еднаш открива приватни разговори меѓу фудбалери и водечките луѓе во Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Овој пат станува збор за разговор од 2019 година помеѓу тогашниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос и првиот човек на ФС Шпанија, Луис Рубиалес.

Рамос имал директна и редовна комуникација со Рубиалес во текот на 2018 и 2019 година. Екс капитенот на Реал, со сите сили ја посакувал Златната топка, а во неколку наврати побарал од претседателот на Рубиалес помош за да може да си ја исполни желбата.

Шпанскиот весник најави објавување на аудио разговорот наскоро, засега објави само делови од разговорот.

„Добровечер Руби, се надевам дека ти и твоето семејство сте добро. Знаеш дека никогаш не барам ништо, но ќе побарам денес затоа што мислам дека ако ги гледаме моите настапи, дека ова е посебна година“, му вели Рамос на Рубиалес, со барање да сврти неколку броеви, односно да ги искористи своите пријателства за да му помогне да ја освои Затната топка.

„Би ти бил благодарен до крајот на мојот живот“, вели поранешниот капитен на Реал.

Рубиалес наводно го прифатил ова барање и направил што можел, но без никаков успех. Златната топка, таа сезона му припадна на Меси (неговата шеста), втор беше Вирџил ван Дајк од Ливерпул.

Интересно, Рамос не беше ниту меѓу првите 30 номинирани во изборот за Златната топка. за Светското првенство таа година, бидејќи 2019 година не беше успешна за Рамос и Реал.

> Рамос барал помош за да ја добие Златната топка <

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка