Утрински Весник
Свет

Рама: Понудата на Русија да нè снабдува со вакцини е провокација

Рама: Понудата на Русија да нè снабдува со вакцини е провокација

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека понудата на Русија да ја дистрибуира вакцината против коронавирус „Спутник 5“ на Албанија е смешна провокација.

Тој така реагираше на понудата на руската амбасада во Тирана, која во понеделникот преку директорот за медиуми на Рама рече дека Русија е подготвена да разговара со Албанија за вакцината „Спутник 5“, пренесува порталот „Албанија дејли њуз“.

Рама мислел дека се работи за шега затоа што, како што вели, несоодветно е сериозна држава така да провоцира, пренесува порталот „Албанија дејли њуз“.

„Кога велам провокација, на тоа не претходи никаков демарш кон Русија, но ова е смешна провокација за сериозна земја како Русија. Амбасадата во Тирана не може да се однесува како да е дел од комедијата ’Портокали’ или натпреварувач во неа“, рече Рама.

Тој повтори дека Албанија разговара со три сериозни производители на вакцини – Фајзер, Модерна и Астра зенека, со кои е поврзана и ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“

Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ

Трамп разгледува опции за напади насочени кон картели во Венецуела; Мадуро – Венецуела е подготвена за „вооружена борба“ доколку САД ја нападнат