Утрински Весник
Свет

Рама: Жал ми е за ЕУ, ни пандемијата ни војната не ги обедини Европејците

Албанскиот премиер Еди Рама по Самитот за Западен Балкан изјави дека му е жал за Европската Унија и дека се надева оти ќе можат да ѝ помогнат.

„ Се обидов да им кажам некои работи на состанокот и тоа ќе го споделам со вас. Добро и лошо е што сме овде, се чувствуваме добро затоа што сме Европејци и да се биде таму е нашата суштина, но јас се чувствувам лошо затоа што никој не не слуша така, туку како гости. Се наоѓаме во поделена куќа и загрижувачки е што и за време на пандемијата, која беше глобална, доведе до лоши последици. Дури ни пандемијата или војната не успеа да ги обедине Европејците. Од една страна, мислам дека направивме многу за да ја поддржиме идејата на Макрон, за да ја исполниме политичката цел. Се надеваме дека ќе станеме членки во одреден момент. Би ценеле доколку оваа нова политичка заедница на Европа ни овозможи сите да бидеме заедно во една куќа, како едно семејство“, рече Рама.

Можете да прочитате

Нетанјаху одобри нова рунда преговори за примирје во Газа

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Нетанјаху не прифатил предлогот од шефот на Мосад за договор во Газа