Утрински Весник
Свет

Ракетен напад на Кабул, загинаа најмалку осум лица

Ракетен напад на Кабул, загинаа најмалку осум лица

Најмалку осум цивили загинаа откако денеска беа истрелани 23 ракетни проектили во најмалку шест области во Кабул, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Триесет и три лица се повредени во нападите.

Ракетите биле истрелани од два помали камиони паркирани во две населби, соопшти Министерството.

Меѓу целите беше познатиот плоштад Седарат, каде се наоѓа канцеларијата на авганистанскиот потпретседател Амрулах Салех.

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Италија сака да има активна улога во секој судски процес за пожарот во Кран-Монтана

Ирански демонстрант осуден на смрт само неколку дена по апсењето

Девет новороденчиња починале во Русија