Утрински Весник
Македонија

Разрешувањето на Мизрахи на 136. собраниска седница

Мизрахи: Потребна е стандардна процедура за да реагираме во случаи како со 11-годишното бремено девојче од Кочани

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е ставен утре на собраниска седница.

Џафери за утре свика две седници, првата 135. е закажана во 11 часот за Предлог-законот за Јавно обвинителство и за Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, додека на 136. седница која е закажана за 15 часот како една од точките на дневен ред е Предлог за разрешување на член на Владата на Република Северна Македонија.

Премиерот Оливер Спасовски вчера потврди дека доставил до Собранието предлог за разрешување на Мизрахи, а барањето за разрешување следува откако министерката неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“.

Спасовски денеска посочи дека во предлогот доставен во Собранието за разрешувањето на Мизрахи, тој нема дадено ново решение и затоа, нагласи, тоа останува на опозицијата.

– Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат, што го почитува Уставот и законите. На пример еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија и Протоколот за НАТО, како можно решение. Одлуката е нивна кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам, изјави Спасовски.

Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата, и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции. ац/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ до ДПМНЕ: За ова ли ви требаа 58 пратеници – за функционерите да не го признаваат ниту македонскиот јазик

Комисијата за надзор на работата на АНБ утре ќе одржи седница, со неа ќе претседава Скендер Реџепи

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси