Утрински Весник
Македонија

Разбојници обиле стан во Битола, настанала мешаница кога биле забележани

Разбојници обиле стан во Битола, настанала мешаница кога биле забележани
Dik 300x250 mk

Битолското основно јавно обвинителство донесе наредба за истрага против две лица од Битола и Прилеп за кривично дело – разбојничка кражба.

Истрагата е поведена под сомнение дека двајцата, заедно со уште едно непознато лице, кое според првичните информации од истрагата чувало стража, на 14 април, биле затечени при кражба во стан на улицата „Климент Охридски“.

Ги затекнале двајца соседи кои се обиделе да ги спречат во намерата и да ја известат полицијата, но осомничените употребилe сила, се нафрлиле врз соседите, ги собориле на скалите при што на едниот сосед му нанеле тешка повреда.

Едниот осомничен потоа употребил и нож, замавнувајќи кон станарите, по што се дал во бегство и се уште не е достапен на органите на прогонот, а другиот е уаспен.

Основниот суд Битола определи мерка притвор, во траење до 30 дена спрема двајцата осомничени. За оној кој е во бегство притворот ќе започне да се применува кога ќе биде уапсен.​​

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи