Утрински Весник
Македонија

Радовишанец загина во сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани

Овчар загина од удар на гром во светиниколско

Жител на Радовиш загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер на патот Штип – Кочани, во близина на крстосница за село Кучичино

Според информациите на МВР, во несреќата учествувале „фолксваген поло“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.З.(71) од Радовиш и автомобил „форд фокус“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(29) од Штип.

С.З. починал на местото на незгодата, додека Н.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствена установа Кочани.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Кочани.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Осум лица возеле без да имаат положено, полицијата ги уапси

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА

ДУИ до Влен: Молкот пред величењето на геноцидот е соодговорност