Утрински Весник
Спорт

Радикалниот дизајн на Ред бул го привлече вниманието на шоуто во Барселона

Радикалниот дизајн на Ред бул го привлече вниманието на шоуто во Барселона

РБ18-болидот на Ред бул рејсинг беше криен од очите на јавноста до денешниот почеток на зимското тестирање во Барселона, но сега е јасно дека нивниот радикален дизајн го привлече вниманието уште на првиот ден.

Особено интересно за сите ривали, вклучувајќи го и Луис Хамилтон, беа необичните широки странични крилца на болидот, дизајн каков што нема ниту еден друг болид во новата ера на Ф1-шампионатот.

Секако, бидејќи се работи на дизајн на Адријан Њуи, креатор на шампионски болиди за Вилијамс, Мекларен и на Ред бул, следува анализа кај ривалите и можно копирање.

> Радикалниот дизајн на Ред бул го привлече вниманието на шоуто во Барселона <

Можете да прочитате

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења