Утрински Весник
Економија

„Раде Кончар“ ќе исплати дивиденда од 110 денари по акција

Објавени огласи за четири мерки за подобрување на конкурентноста на деловните субјекти
Dik 300x250 mk

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Компанијата за производство на електрични компоненти и опрема „Раде Кончар – Апаратна техника“ од Скопје соопшти дека нејзините акционери донеле одлука за исплата на дивиденда за 2019 година во износ од 110 денари по акција.

Како што информира компанијата, за таа цел ќе бидат издвоени 22,7 милиони денари од профитот на „Раде Кончар“ за минатата година.

Лани компанијата оствари профит од 27,64 милиони денари, што претставуваше раст од 23 проценти во споредба со претходната година. За 2018 година „Раде Кончар“ исплати дивиденда од 95 денари по акција. сп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС”: „МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ИМАШЕ СОЛИДНА ОСНОВА И ТРЕБА ДА ГО ПРОДОЛЖИ СВОЈОТ РАЗВОЈ”