Утрински Весник
Свет

Радев му го честита Илинден на Пендаровски

Претседателот Румен Радев денеска упати честитка и оствари телефонски разговор со неговиот колега претседател Стево Пендаровски по повод Националниот ден на Република Северна Македонија – 2 Август.

dobivaj vesti na viber

„ Одбележувањето на Илинденско-Преображенското востание од 1903 година зазема значајно место во нашата заедничка историја и е само еден од примерите на богатото духовно и културно-историско наследство кое тесно ги поврзува нашите две држави и нивните граѓани, рече Румен Радев.

Тој посочи дека заедничката историја треба да стане вистински фактор за зближување меѓу Бугарија и Македонија и за тоа треба да придонесат државниците од двете страни.

„ Наведените амбиции за заедничка иднина во Обединета Европа мора да доведат до вистинско градење и продлабочување на добрососедските односи во интерес на граѓаните, што тие го очекуваат“, рече Радев.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка