Утрински Весник
Македонија

Работодавач изработил лажен ПЦР тест за неговиот вработен да патува во странство

Работодавач изработил лажен ПЦР тест за неговиот вработен да патува во странство

Вчера во 05.30 часот на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, A.B.(30) од Србија приложил негативен ПЦР тест издаден од лабораторија од Скопје.

Поради сомнение дека тестот е фалсификуван на овa лице не му бил дозволен излез од РСМ.

На Граничниот премин дошол и П.Н.(33) од Горно Којнаре, кумановско, работодавач на пријавениот, кој признал дека го изработил фалсификуваниот ПЦР тест, со цел неговиот вработен да може да патува во странство.

Двајцата биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Млад возач излетал од патот Битола-Прилеп, се здобил со тешки повреди

МВР: Не отварајте сомнителни линкови и пораки и не споделувајте лични податоци

СДСМ: Анти-ЕУ и анти-САД кампања со полна пареа