Утрински Весник
Свет

Велика Британија и Франција на работ на конфликт, Макрон испрати воен брод во Ла Манш

Велика Британија и Франција на работ на конфликт, Макрон испрати воен брод во Ла Манш

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати воен брод на островот Џерси во Ла Манш во момент кога таму е присутна британската Кралска морнарица која испрати два брода затоа што околу 100 француски рибарски бродови го блокираа пристаништето поради новите риболовни регулативи по Брегзит.

Британските бродови се вооружени со топови и митралези и патролираат по каналот откако Париз вчера предупреди дека може да ја исклучи електричната енергија на островот – кој главно се снабдува со подводен кабел.

Ваквиот развој на настаните се случи откако Џерси минатата недела одлучи да им издаде риболовни дозволи на француските бродови според новиот систем, односно дека имале право на риболов дури и пред Брегзит, пренесува Би-би-си. Француски рибари, кои тврдат дека неправедно се ограничени нивните права, најавија протестна блокада со бродови на пристаништето Сент Хелиер.

После тоа соопштение, британскиот премиер Борис Џонсон донесе одлука за распоредување патролни бродови. Сведоците изброија 100 мали пловни објекти во водата утрово, а француските рибари запалија факели и кренаа транспаренти со кои бараа непречен пристап до водите.

Џош Диринг, рибар од островот Џерси, вели дека бил вчудовиден од сцените, велејќи дека сцените околу пристаништето Сент Хелиер изгледале како инвазија.

Дејвид Селам, шеф на морнарицата на Нормандија и Бретања, рече дека верува оти Џерси презеде екстремен потег со кој сака да го намали пристапот на Франција до риболов и профитира од Брегзит.

Тој рече:

„Подготвени сме за војна. Доколку е потребно, можеме Џерси да го фрлиме на колена!

Можете да прочитате

ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио

Пулицеровата награда за новинарство ги добија „Pro Publica“ и Асошиетед прес

Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин