Утрински Весник
Спорт

Работнички го именува Љупчо Марковски за нов тренер

Поранешниот македонски репрезентативец Љупчо Марковски е нов тренер на Работнички. Раководството на клубот се договори со досегашниот тренер на Скопје да се пресели во Градски Парк и следната сезона да го предводи тимот на „романтичарите“.

„Работнички му ја доверува шансата на Љупчо Марковски да биде нов шеф на стручниот штаб. Сметаме дека со неговиот фудбалски авторитет во Македонија и искуството за работа со млади и талентирани фудбалери, ќе успееме заеднички да го подигнеме нивото на младиот тим на Работнички. Клубот и понатаму останува посветен на продуцирање на македонски играчи кои ќе добиваат шанса за докажување“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски, за официјалниот сајт на клубот.

Во наредните неколку дена, Работнички ќе го објави планот за летни подготовки.

> Работнички го именува Љупчо Марковски за нов тренер <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал