Утрински Весник
Македонија

Работен состанок на министерот Спасовски со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Работен состанок на министерот Спасовски со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

Министерот Спасовски се заблагодарил за континуираната поддршка што Организацијата за безбедност и соработка на Европа ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, потврдувајќи ги пријателските односи и партнерската соработка, информираат од неговиот кабинет.

Двајцата соговорници, меѓу другото, разговарале и за тековните активности кои се спроведуваат во Министерството за внатрешни работи, согласно Планот на активности на Мисијата на ОБСЕ за 2021 година, фокусирани на посебните области на работење на Мисијата, и тоа: транснационални закани, натамошна професионализација и демократско полициско работење.

Во рамки на транснационалните закани, се работи на прашања поврзани со борбата против организираниот криминал и интегрираното гранично управување, како и контролата на мало и лесно оружје, додека пак, активностите за натамошна професионализација и за демократско полициско работење се фокусираат на стратегиите за човечки ресурси, континуиран професионален развој на полициската служба и демократски полициски практики, велат од ова министерство.

На средбата била потврдена и меѓусебната соработка во областите на заемен интерес помеѓу двете страни, како и заложбата за натамошна постојана координација и соработка за успешно реализирање на иницираните проекти и активности.

Можете да прочитате

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Во тек е јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума