Утрински Весник
Спорт

Пјаниќ ќе ја носи осумката на Иниеста

Пјаниќ ќе ја носи осумката на Иниеста

Миралем Пјаниќ попладнево беше претставен во Барселона, во новиот клуб ќе ја носи осумката на грбот. Тоа е бројот кој во златната ера на Барселона го носеше Андрес Иниеста.

Пјаниќ во Барселона дојде од Јувентус за сума од 60.000.000 евра. Со овој трансфер тој стана најскапиот фудбалер од Босна и Херцеговина на сите времиња. Со великанот од „Ноу Камп“ Пјаниќ отпиша четири годишен договор.

Промоцијата на Пјаниќ се оддолжи бидејќи тој беше заразен со коронавирусот.

„Ова е важен период во мојата кариера. Додека поминував низ соблекувалната и низ тунелот ја почувствував историјата на клубот. Чест ми е што ќе ја делам соблекувалната со толку големи шампиони“, рекол Пјаниќ во своето обраќање кон новинарите.

Клубот новиот играч го претстави со . на диригент. Барселона очекуваат дека Пјаниќ ќе диригира со редот за врска.

> Пјаниќ ќе ја носи осумката на Иниеста <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами