Утрински Весник
Спорт

Пјаниќ утре ќе отпатува за Барселона

Пјаниќ: Никогаш не сум сакал да го напуштам Јувентус

Торино, 27 јуни 2020 (МИА) – Договорот за размена на Артур и Миралем Пјаниќ е при крај. Според италијанските и шпанските медиуми, сè е договорено и следуваат само лекарски прегледи.

Артур се очекува да замине во тимот од Торино по денешниот натпревар на Барселона со Селта. Босанскиот играч од средниот ред на Јувентус утре ќе мине тестови во Барселона, откри „Мундо Депортиво“.

Се очекува Каталонците да добијат 70 милиони евра за Бразилецот, а малку подоцна да вратат 60 милиони за Пјаниќ. Договорот за Артур мора да биде објавен до 30 јуни, затоа што тогаш „Лос Кулес“ ќе ја заврши финансиската година.

И двајцата играчи ќе останат во нивните сегашни клубови до крајот на сезоната во Лигата на шампионите.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС