Утрински Весник
Магазин

Пчели убиваат стршлен неколкупати помоќен од себе (видео)

Пчели убиваат стршлен неколкупати помоќен од себе (видео)
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лос Анџелес, 7 мај 2020 (/) – За љубителите на животинскиот свет, каналот „Нејшенл џиографик“ објави видео на кое се гледа како пчели намамуваат, поточно „паметно“ го насамаруваат и убиваат азиски стршлен, што е 4-5 пати поголем од нив.

Имено, пчелите прво го примамуваат натрапникот во своето осило, го чекаат мигот кога тој целосно паѓа во стапицата, односно кога веќе нема излез, и тогаш сите го напаѓаат.

– Но, пчелите не го боцкаат стршленот, туку сите одеднаш ја засилуваат вибрацијата, создавајќи така топлина од 117 Фарнхајтови степени (47 Целзиусови степени)… Стршленот, всушност, на тој начин е жив спржен, вели нараторот.

Така, местото на осилото останува тајна за другите стршлени.

Азискиот стршлен, познат и како стршлен убиец, со својот убод,е смртоносен за луѓето.  си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најголемото „капучино“ со јадливо злато се служи со 10 слатки топчиња

Туширање во мрак: едноставна вечерна рутина за целосна релаксација

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра