Утрински Весник
Македонија

Пуштени во употреба нови семафори со прекинувачи за најава на пешаци

Пуштени во употреба нови семафори со прекинувачи за најава на пешаци

Продожуваат активностите на Град Скопје и јавното претпријатија „Улици и патишта“ за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, преку реконструкција на постојната и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

„ Деновиве се пуштени во употреба новите семафори со прекинувачи за најава на пешаци на крстосница на улица „Скупи“ со улицата која води кон населбата Бардовци, поставен е и нов семафорски столб на крстосница помеѓу бул. „8 Септември“ и улица „Скупи“, а на повеќе крстосници со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ се поставени бројчаници на семафорите.

Дополнително, екипите на ЈП „Улици и патишта“ монтираа нови лантерни на семафорите на крстосницата бул. „Србија“ со бул. „Трета македонска бригада“, извршија санација на оштетените светлосни заштитни столпчиња по должината на улицата „Никола Карев“, а ја санираа и заштитната ограда на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, на кружниот тек кај Католичка црква“ соопштија од Град Скопје.

Можете да прочитате

Одбраната тврди дека Градоначалникот не може да биде крив за пропустите на системот

Груевски наликувал на Мики Маус велат од СДСМ

Македонка пронајдена мртва во Италија, сопругот во бегство