Утрински Весник
Свет
Img 7972

Путин ќе одржи исклучително важен говор в петок, информираат руските медиуми

300x250 opst2

Руските медиуми блиски до власта јавуваат дека претседателот Владимир Путин в петок ќе одржи исклучително важен и многу интересен говор, иако не објаснуваат за што точно ќе зборува.

Путин треба да одржи говор на годишниот Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, на кој вообичаено присуствуваат светски лидери и претставници на големи корпорации, но оваа година ќе има многу помалку странски гости поради руската инвазија на Украина.

За да го надополнат недостигот од високи гости од Запад, Русите го нагласуваат доаѓањето на гости од Кина.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, тврди дека западните власти извршиле притисок врз некои потенцијални учесници и ги принудиле да не доаѓаат во Санкт Петербург, родниот град на Владимир Путин.

„Колективниот Запад им ги врзува рацете, им се заканува и ги уценува“, изјави Песков за руските медиуми.

Путин вообичаено одржува прес-конференција на форумот, на која досега присуствуваа и водечките светски медиуми, но оваа година организацијата ќе изгледа поинаку. Наместо тоа, тој ќе одржи прес-конференција само со новинари од руските медиуми и воени дописници.

 

Можете да прочитате

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци