Утрински Весник
Свет

Путин ќе го запознае Џјинпинг со деталите од преговорите со НАТО

Путин ќе го запознае Џјинпинг со деталите од преговорите со НАТО

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џјинпинг, за време на претстојните разговори во Пекинг ќе посветат посебно внимание на руско-американскиот дијалог, гаранциите за безбедност и стратешка стабилност во Европа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Верувам дека добар дел од разговорите ќе се искористи за размена на мислења за актуелни меѓународни прашања. Разговорите ќе опфатат приказна за стратешката стабилност во Европа, безбедносни гаранции што ги бара Русија, дијалог меѓу Русија и САД, како и Русија и НАТО, и приказна за регионални прашања. Агендата е огромна – изјавил Песков, пренесува ТАС С.

Путин беше во Кина неколку пати во изминатите 20 години, но поради пандемијата на корона вирусот, немаше реципрочни посети на лидерите на двете земји во последните две години.

Џјинпинг ќе присуствува на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг на 4 февруари, каде што ќе се појави и рускиот претседател Владимир Путин.

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет