Утрински Весник
Свет

Путин ја прифати поканата на Бајден за учество на климатскиот самит

Путин ја прифати поканата на Бајден за учество на климатскиот самит
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на климатскиот самитот организиран од САД. Кремљ исто така соопшти дека Русија не е двигател на тензиите во односите со Западот, туку само реагира на непријателски потези.

Американскиот претседател Џо Бајден покани 40 светски лидери на самитот што ќе се одржи в четврток и петок.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека билатералните контакти меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден и другите шефови на држави не се планирани во рамките на претстојниот самит.

Во понеделникот, Кремљ објави дека Путин ја прифатил поканата, дека ќе зборува на видеоконференција на состанокот на 22 април и ќе ги претстави руските пристапи кон ова прашање. Претходно германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и кинескиот претседател Кси Џинпинг разговараа за подготовките за самитот.

Климатскиот самит предводен од САД е дел од иницијативата на администрацијата на Бајден за демонстрација на посветеноста на САД во борбата против климатските промени откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од Парискиот договор.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил